Samsung: Сами сте криви ако го оштетите Galaxy Note 5 и пенкалцето

Објавено на 26.08.2015 во Новости



Samsung: Сами сте криви ако го оштетите Galaxy Note 5 и пенкалцето

Најновиот модел на Galaxy Note 5 има нов механизам за автоматско исфрлање на пенкалцето, но затоа пак ако го внесете внатре од погрешната страна, а не со врвот нагоре може да го расипете механизмот, па дури и целата функционалност на самото пенкалце.

Samsung реши да одговори на овие проблеми кои веќе се имаат јавено кај корисниците. Според Samsung  во самото упатство за Galaxy Note 5 пишува како се внесува S Pen додаток назад во смартфонот и кои може да бидат последиците доколку постапите спротивно. Од компанијата се правдаат дека не очекувале ова воопшто да биде проблем бидејќи по секоја логика пенкалцето треба да се инсертира во влезот со врвот нагоре.