Huawei Nexus 6 - протекоа нови слики

Објавено на 26.08.2015 во Новости



Huawei Nexus 6 - протекоа нови слики

Google изгледа пак „ненамерно“ и „случајно“ објави фотографии од новиот модел Nexus 6. Слично како и кај Nexus на LG, читачот за отпечатоци се наоѓа на задната страна на смартфонот, ќе има дисплеј со дијагонала од 5,7 инчи и резолуција од 2.560х1.440 пиксели.

Моќниот Qualcomm Snapdragon 810 процесор со 3GB RAM меморија ќе овозможи одлично искуство и ќе има доволно простор за складирање на податоци - 64GB. Фаблетот би требало да има метално куќиште и за разлика од телефоните кај кои е испакната камерата на задната страна, Huawei го здебелува цел горен дел, со димензии од 8,5 милиметри, а остатокот од куќиштето има дебелина од 6,6 милиметри. LG Nexus 5 и Huawei Nexus 6 ќе бидат лансирани есенва. Како ви се чини дизајнот на Huawei Nexus 6?