Како младиот Елон Маск започнал со бизнис

Објавено на 27.08.2015 во Новости



Како младиот Елон Маск започнал со бизнис

Елон Маск има посебна животна приказна како претприемач и лидер на двете големи компании SpaceX и Tesla Motors, а ако не сте знаеле тој е еден од основачите на Pay Pal. Маск има богата фантазија и неприкосновен претприемнички дух, кој ја трасира иднината на свој начин - со електрични автомобили и лесен контакт со Марс.

Младиот Маск започнал со програмирање на видео играта Бластар на 12 годишна возраст, која се продавала за 500 долари и уште тогаш лидерот го истакнал својот потенцијал за бизнис. Татко му е инженер, а мајка му нутриционистка во Јужноафриканската република. Родителите го препознале талентот на своето дете и го охрабрувале да се усовршува во сферата на технологијата. Првиот компјутер го добил на 10 години и сам се научил да програмира.

Средно образование завршил во 1988 година и се преселил во САД да студира на Факултетот за бизнис Вартон. Дипломирал на економија и бил примен на постдипломски студии по физика на Стенфорд. Но, се откажал за два дена и решил да работи наместо на студира. Прво ја основал компанијата Zip2 со братот, која во 1999 година била купена за 307 милиони долари. До 2000 година Маск работел на X.com, што подоцна се претворило во PayPal, каде застанал на функцијата извршен директор во 2001. 1 година подоцна eBay ја купил компанијата и Маск конечно собрал финансии за да се фокусира на вистинската страст - вселенското инженерство. Заедно со Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг ја основале Tesla motors во 2004 година. Најголем дел од богатството на Маск доаѓа токму од оваа компанија, кое изнесува неверојатни 13,6 милијарди долари.

Автор: Aleksandar Stankov