Huawei Honor 7 ќе ги разбуди чуствата во Европа

Објавено на 27.08.2015 во Новости



Huawei Honor 7 ќе ги разбуди чуствата во Европа

Huawei не можеше долго да го држи еден од подобрите смартфон Huawei Honor 7 ексклузивно за азискиот пазар, па затоа одлична вест е што наскоро ќе следи и негов пласман во Европа преку операторите и продавниците за електроника. Huawei Honor 7 го користи мотото „За вашите сетила“ и со одличниот сетап на спецификации и пристапна цена сигурно ќе освои многумина, па еве што всушност ве очекува.

Huawei Honor 7 располага со 5.2 инчен Full HD дисплеј, 64 битен осум-јадрен HiSilicon Kirin 935 процесор, 3 GB RAM, 16 и 32 GB меморија кои може да се надополнат преку microSD, 20 мегапикселна камера која е дело на Sony, за предната селфи камера ќе имате одличен сензор од 8 мегапиксели, како и супер батерија со капацитет од 3100 mAh.

Huawei Honor 7 има квалитетна изработка на тенкото тело од метал со цврста рамка. За софтверот се користи Android 5.1 Lollipop, а неговата цена ќе изнесува од 350 до 400 евра што е сосема солидно за високата класа.