9 септември - официјално излегува iPhone 6S (Plus)

Објавено на 28.08.2015 во Новости



9 септември - официјално излегува iPhone 6S (Plus)

Apple вчера официјално потврди дека во среда на 9 септември ќе одржи конференција за презентирање на новостите од својата поднуда. Во поканата за конференцијата не се напишани производите што ќе ги претстави компанијата, но јасно е дека главните ѕвезди на септемврискиот настан се новите модели iPhone 6S и 6S Plus. Според дизајнот ќе бидат многу слични со своите предци, со иста дијагонала на дисплеи - 4,7 и 5,5 инчи, а под хауба ќе има најмногу промени. Процесорот е побрз и штедлив, подобра графика, 12MP камера со видео записи во 4K резолуција, а предната камера ќе има квалитетен сензор и блиц.

Најголемата новост е Force touch технологијата, која Apple веќе ја имплементираше на смартчасовникот и тачпадовите на своите лаптопи, која препознава силина на притисок на дисплејот (допир и притисок). Тим Кук ќе ја претстави и новата генерација на Apple TV - со гласовно управување, а обожавателите очекуваат да биде претставен и новиот часовник на Apple - Apple Watch 2. Минатите години исклучиво обожаватели на Apple можеа да ги следат овие настани, но овој пат ќе може да го направат истото и корисниците на Windows 10, поради кој Microsoft доживеа невидена експанзија.





Прочитајте повеќе: