Alcatel Flash 2 за ќеиф на фановите на добри слики

Објавено на 29.08.2015 во Новости



Alcatel Flash 2 за ќеиф на фановите на добри слики

Alcatel наскоро ќе лансира нов премиум смартфон кој ќе се фокусира на повеќе адути на камерата и со Alcatel Flash 2 ќе се обиде да ги изненади токму фановите кои најмногу имаат потреба од квалитетни слики и видеа. 

Од Alcatel досега е објавен само еден тизер со наслов „Моќта на зеленото“ што асоцира на самиот блиц кој ќе има повеќе светла или пак нова технологија за правење поквалитетни слики навечер. Промоцијата на Alcatel Flash 2 е закажана за 22 септември, па се надеваме дека очекувањата ќе бидат оправдани.