Видео: Sony Xperia Z5 Premium прв со 4K HD дисплеј

Објавено на 31.08.2015 во Новости



Видео: Sony Xperia Z5 Premium прв со 4K HD дисплеј

На YouTube протече промотивно видео од новите модели на Sony Xperia Z5 кое открива неколку сочни детали. Најатрактивниот новитет ќе биде понудата на 4K HD дисплеј за Sony Xperia Z5 Premium моделот кој ќе има големина од 5.5 инчи со густина на сликата од 805 пиксели на еден инч и многу моќен хардвер.

Основниот модел на Sony Xperia Z5 ќе има големина од околу 5 инчи со Quad HD резолуција, осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 23 мегапикселна камера, како и скенер за отпечатоци сместен странично, покрај копчињата за вклучување и регулаторот за звук.

Третиот модел ќе биде Sony Xperia Z5 Compact кој ќе има нешто помал 4.7 инчен Full HD дисплеј со идентичен хардвер и камера, водоотпорен дизајн и батерија со капацитет од 3000 mAh. Ова се појдовните точки за сите три смартфони и засега само Sony Xperia Z5 Premium звучи премногу добро за да биде вистинито, па повеќе официјални податоци ќе чекаме на 2 септември кога ќе се одржи официјалната промоција.