Moo-Q за iOS ќе ви помогне да бидете продуктивни

Објавено на 31.08.2015 во iOs



Moo-Q за iOS ќе ви помогне да бидете продуктивни

Moo-Q ќе ви помогне временски да ги распоредите и да ги следите обврските со цел да ги извршувате брзо и ефикасно. Апликацијата за iOS во одредено време од денот ќе побара да и го опишете своето расположение и врз основа на тоа, брзината на одговарање на прашањата и памтењето, ја одредува вашата продуктивност.

„Апликацијата повремено ќе ве известува за промените во вашиот мозок од аспект на вашето памтење или ефикасност на обработување на одредени задачи, а тоа може да ви помогне да се извежбате себеси и својот мозок. Апликацијата веројатно ќе ве советува наутро да ги извршувате вашите најтешки задачи“, вели лекарката Софи вон Стум, од Лондонскиот Универзитет.

После одредено користење на оваа апликација, корисниците ќе може да подготвуваат поединечни графикони, кои го олеснуваат следењето на активностите на мозокот и на тој начин ќе овозможи увид во кој период од текот на денот сте најефикасни.

„Старо прашање во психологијата за тоа дали нашиот мозок работи подобро кога сме добро расположени или го постигнува својот максимум кога сме нерасположени или рамнодушни“, додава вон Стум.

Графиконите на апликацијата Moo-Q ќе ви ги прикаже графиконите со различни бои и детално ви ги прикажува податоците за вашето расположение и сила на мозокот во временски период од неколку часа или недели. Апликацијата е бесплатна и достапна за сите iOS софтвери, можете да ја преземете од овој линк.

Автор: Aleksandar Stankov