Xiaomi RedMi Note 2 - заводникот во црвено

Објавено на 03.09.2015 во Новости



Xiaomi RedMi Note 2 - заводникот во црвено

Xiaomi направил супер продукт - фаблет, со супер компоненти, со цел да го задоволи вкусот на љубителите на фотографија и оние што сакаат да комуницираат на социјалните мрежи. Запознајте се со RedMi Note 2, заводникот во црвено, кој има солидни перформанси, се одликува со добар софтвер, меморија, камера, неколку сензори и тоа е тоа. Цената? Верувајте, нема да ви направи штета во буџетот доколку ви одговараат условите што ги нуди Xiaomi во својот телефон. Производителот не се мачел многу околу дизајнот, неговата форма е коцкаста, но затоа се потрудил да даде се од себе кога ја ставал камерата и другите компоненти.

Xiaomi RedMi Note 2 има FHD дисплеј од 5.5 инчи 1920 x 1080, со густина на пиксели од 400 ppi. Замислете колку убава комбинација, се фоткате и си прикачувате квалитетни слики на Instagram, а притоа ги гледате на голем екран. Овој телефон има неверојатна камера. Фотографирањето е брзо и вадите чисти слики и видеа со 13 мегапиксели задна камера и сензор од Samsung, што создава совршена рамнотежа на светлото за ноќни снимки. Задната камера на RedMi Note 2 од 13.0 MP има еден блиц, леќа со широчина од f/2.2, а предната камера изнесува 5.0 MP. Со фотографирањето имате алатка за разубавување на лицето „Face Beauty“, што е уште еден плус за зависниците од сликање. 

Чипсетот на RedMi Note 2 поседува стабилна интеграција на компонентите, со што постигнува неверојатна брзина и енергетска ефикасност. Ако ја отвориме хаубата на фаблетот на компанијата Xiaomi, ќе видиме дека дише со MTK Helio X10 Octa Core процесор, со фреквенција од 2.0GHz, графички процесор PowerVR G6200 GPU, 2GB RAM меморија, 16GB простор за складирање на лични податоци и можност за дополнителна меморија со надворешна картичка до 32GB. Дополнителната мемориска картичка не е вклучена во понудата, туку може да ја набавите по сопствен избор. RedMi Note 2 има неколку сензори: сензор за близина со инфрацрвени зраци, жироскоп, дигитален компас, сензор за гравитација, амбиентен светлосен сензор, сензор за гравитација, итн. Уредот има поддршка за LTE/4G интернет, Bluetooth 4.0, GPS и батерија со капацитет од 3060mAh. 

Мислиме дека ако не им пречи обичниот дизајн на корисниците, ретко кој би се противел за перформансите на великанот на кинескиот производител. Со неверојатни перформанси и опции за персонализација, MIUI 7 секогаш е вистинскиот избор за оперативен систем за Xiaomi RedMi Note 2. Оперативниот систем на RedMi Note 2 е Android 5.1, со автентичниот кориснички интерфејс на Xiaomi - MIUI7, кој нуди одлично искуство за корисниците. Ви овозможува беспрекорно искуство кога лизгате низ екранот додека ги разгледувате вашите спомени од летниот одмор или пак сурфате на социјалните мрежи. За гејминг намена не ви го препорачуваме овој уред, освен ако е некоја едноставна игра за забава. Може да си ставате и две СИМ картички ако преферирате да комуницирате преку два оператора. Како што пишува на интерфејсот на уредот, „Секогаш верувај дека нешто убаво ќе ти се случи“(Always Believe That Something Wonderful Is About To Happen). Ајде, кој е за, нека дигне два прста и нека го нарача фаблетот Xiaomi RedMi Note 2 на овој линк, за цена од 168 долари.