Android Wear со Тројански коњ ќе ги освои корисниците на iPhone

Објавено на 01.09.2015 во iOs



Android Wear со Тројански коњ ќе ги освои корисниците на iPhone

Google лансираше „Тројански коњ“ со најновата Android Wear апликација која ќе ја сруши границата меѓу двете платформи и ќе им дозволи на iPhone корисниците да ги користат сите смарт часовници, а не само Apple Watch. 

iPhone Screenshot 1

Ова е одлична вест бидејќи се зголемува изборот на секој корисник, кој можеби не сака да го смени својот iPhone за Android, смартфон, но затоа пак може да си одбере еден од часовниците на Asus, LG и Huawei, додека пак подршката за постарите модели е изоставена поради повисок степен на функционалност. Затоа Android Wear апликацијата за iPhone ќе важи за сите идни смарт часовници кои во наредниот период ќе излезат на пазарот. 

iPhone Screenshot 2

Вашиот Android Wear часовник со iPhone ќе има неколку стандардни функции како покажување на сите известувања за примени пораки, позиви и нотификации од социјалните мрежи или e-mail сервисите кои ги користите. Android Wear апликацијата може да ја превземете од App Store, па сега на потег е Apple од кога се очекува слична апликација за Android смартфоните и Apple Watch.
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}