Oppo R7 Plus во игра со ФК Барселона

Објавено на 01.09.2015 во Новости



Oppo R7 Plus во игра со ФК Барселона

Oppo и Барселона уште во јуни потпишаа спонзорски договор, па сега редно време е да се употребат најпознатите фудбалери за промоција на новите смартфони, освен со Лео Меси кој има склучено договор со Samsung.

Oppo планира посебна едиција на Oppo R7 Plus кој ќе биде изработен во стилот на Барселона со нови бои на маската, лого, како и теми за позадини и менито, а неговата промоција ќе се одржи на 8 септември.