Sony Xperia Z5 триото доаѓа со 4K HD, 23 MP камера, скенери

Објавено на 02.09.2015 во Новости



Sony Xperia Z5 триото доаѓа со 4K HD, 23 MP камера, скенери

Sony Mobile успеа да се врати на мобилната сцена со моќна презентација на IFA 2015, претставувајќи три одлични супер смартфони Xperia Z5 Compact, Xperia Z5 и Xperia Z5 Premium, со еден куп новитети и модерни додатоци кои ќе го освојат вашето внимание.

Најпрво мора да започнеме со најмоќниот Sony смартфон досега, но и еден од најквалитетните воопшто, а тоа Xperia Z5 Premium кој е рекордер со 5.5 инчен 4K HD дисплеј, прв од ваков вид во светот со резолуција од 3840 х 2160 пиксели или рекордни 806 пиксели на еден инч. За да ја подржи моќната работа искористена е батерија со капацитет од 3430 mAh.

Следен е стандардниот модел Xperia Z5 кој има 5 инчен Quad HD дисплеј, исто така како еден од најквалитетните со супер видливост и густина на сликата. Дизајнот се издвојува од претходните години со нова поцврста изработка и помал степен на лизгавост во однос на Xperia Z3, како и засилување со метална рамка. Харвдерот е предводен исто така од моќниот осум-јадрен Snapdragon 810 процесор од втората генерација со 3 GB RAM, 32 GB  4G LTЕ конекција и батерија од 2900 mAh. 

Триото го заокружува најмалиот Xperia Z5 Compact со 4.6 инчен 720p HD дисплеј, поеднакво добар snapdragon 810 процесор, како и батерија со капацитет од Сите три смартфони се првите од Xperia серијата кои ќе располагаат со скенери за отпечатоци, како и иновативна 23 MP Exmor RS камера со супер брз автофокус и врвни перформанси при слаба осветленост. 

Sony Xperia Z5 is official, comes with the world's fastest autofocusing rear camera - 0.03 seconds

Новите Xperia Z5 смартфони во наредниот период ги очекуваме на пазарот откако ќе заврши нивната глобална промоција, па со оглед на моќните перформанси и атрактивните новитети сигурно ќе бидат вистински хит.