Huawei Mate S ја доби трката со iPhone 6s

Објавено на 02.09.2015 во Новости



Huawei Mate S ја доби трката со iPhone 6s

Кога на големо се расчу дека Apple ќе ги користи Force Touch сензорите кај iPhone 6s големите конкуренти побрзаа да презентираат сопствена технологија и трката успеа да ја добие Huawei со најновиот Huawei Mate S кој што туку беше промовиран на саемот IFA.

Huawei Mate S е фантастично дизајниран смартфон со тенка рамка околу екранот која речиси е невидлива, а има силно метално куќиште со фин завршеток за поголема удобност. Главниот адут на Huawei Mate S е токму Force Touch сензорот вграден во 2.5D AMOLED дисплејот кој може да го регистрира различни нивоа на притисок, а со тоа се отвора и можност за нови команди преку сосема нов интерфејс. 

Huawei Mate S има големина од 5.5 инчи на дијагоналата на Full HD дисплејот, доаѓа со моќен четири-јадрен HiSilicon Kirin процесор, 3 GB RAM за неограничен мултитаскинг, избор од 32, 64 и 128 GB меморија, скенер за отпечатоци и иновативна камера со 13 мегапиксели, BSI сензор, f/2.0 леќа и оптичка стабилизација. Huawei Mate S беше една од главните ѕвезди на промоцијата на IFА во Берлин и најавено е дека ќе пристигне нешто подоцна во текот на октомври.

Автор: Aleksandar Stankov