Motorola повторно е кул со Moto 360 часовникот

Објавено на 03.09.2015 во Смарт часовници



Motorola повторно е кул со Moto 360 часовникот

Motorola беше првиот бренд кој наметна висок стил и елеганција во дизајнот на смарт часовниците и истите импресии успева да ги добие и со втората генерација на Moto 360 часовникот кој има обновен изглед и нови технолошки иновации.

Главната цел на Motorola со новиот Moto 360 е разноврстен дизајн кој ќе ги задоволи сите потреби, па затоа се понудени три модели, како и посебени часовници за мажи и жени, со голем избор на ременчиња, бои и материјали. Понуден е и посебниот Moto 360 Sport кој има засилен дисплеј за видливост на отворени, GPS локатор и голем број на фитнес функции. 

Женскиот модел од 42 милиметри е многу атрактивен бидејќи има можност за монтирање на помали и потенки ременчиња за разлика од многу смарт часовници кои се наменети исклучиво за мажи. На избор има сива, сребрена, розево златна боја, како и кожни, метални, пластични и гумени ременчиња со различни големини. Токму затоа Moto 360 II претставува вистинска модна колекција од врвна технологија.