Windows 10 ги претекна Vista и Windows 8!?

Објавено на 03.09.2015 во Новости



Windows 10 ги претекна Vista и Windows 8!?

Windows 10 уште расте на пазарот и за само еден месец од лансирањето, се вивна до месечината - инсталиран е на 75 милиони системи, со што ги претекнува Windows Vista и Windows 8. Целта на Microsoft е да има 1 милијарда уреди со инсталиран Windows 10 во рок од 2 години, во што наскоро ќе бидат вклучени Xbox One и телефоните со Windows 10 Mobile. На саемот IFA во Берлин што започна вчера, веќе се претставени голем број на нови смартфони, таблети и лаптопи со Windows 10.

На пазарот со десктоп компјутери Windows 7 е се уште доминантен со 57,67%, втор е XP со 12,14% и трет е Windows 8.1 со 11,39%. Windows 10 веќе достигна 5,21%, со што ги надминува Windows 8 и Windows Vista, а тоа не е малку за временски период од 1 месец. Овие податоци само покажуваат дека трендот кај корисниците за надградување на системот продолжува. Популаризирањето на новиот оперативен систем го подобри значително и пазарот на апликации. Во последниот месец се забележани голем број на надградби на апликациите општо, кои сега работат на телефон, таблет и компјутер.

Автор: Aleksandar Stankov