Windows 10 ги спречува корисниците за Chrome и Mozilla
Објавено на 07.09.2015 во Новости
Microsoft во најновата верзија на Windows 10 воведе нов систем на потсетување на корисниците да не ги инсталираат интернет прелистувачите Chrome и Mozilla со порака која им открива дека новиот Edge прелистувач е идеален за нив и е специјално дизајниран за системот.
„Microsoft Edge е направен ексклузивно за Windows 10 системот со новитети и функции кои го збогатуваат интернет прелистувањето преку апликациите како Cortana, Web Note, и Quick answers“, велат од Mirosoft.
Пораката дека Edge е најдобар интернет прелистувач се појавува кога ќе ги пребарувате термините како Chrome и Mozilla и ако сакате да ги инсталирате. Меѓу прелистувачите одамна пости борб за наметнува кај корисниците и овој потег е во рамките на очекуваното.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.