No.1 S3 - Смарт часовник со microSIM за 59 долари

Објавено на 09.09.2015 во Смарт часовници



No.1 S3 - Смарт часовник со microSIM за 59 долари

No.1 има фантастичен нов смарт часовник S3 кој доаѓа со значително подобрена технологија во секој сегмент, почнувајќи од дизајнот кој сега е многу подобро изразен, со кружна форма на дисплејот и јасна метална линија која е поелегантна и поедноставна. 

S3 SmartWatch нуди неколку ексклузивни додатоци кои го издвојуваат од конкуренцијата, а тоа е можноста за користење на microSIM картичка за самостојно воспоставување на телефонски повици и SMS пораки. Покрај тоa, S3 може да се поврзе преку Bluetooth 4.0 со било кој Android или iOs смартфон.

S3 има едно главно копче од десната страна кое служи за активација, како и навигација низ екранот со враќање на почетното мени. За корисниците на располагање има главно ременче од нер`ѓсувачки челик, како и дополнително ременче од кожа. Главното тело на часовникот е водоотпорно, па нема да имате никакви проблеми кога ги миете рацете или пак ве фати дожд на отворено. 

Екранот има резолуција од 240 х 240 пиксели со јасна видливост, а на отворено под директна сончева светлина нема да имате големи проблеми со рефлексијата. S3 работи со Mediatek процесор, може да ја надополните меморијата до 16 GB преку microSD картичка, додека пак батеријата од 350 mAh со едно полнење може да биде активна цели два дена. No.1 S3 има многу достапна цена од само 59 долари. 
 

Автор: Aleksandar Stankov