Apple ќе дозволи бришење на прединсталирани iOS апликации

Објавено на 16.09.2015 во Новости



Apple ќе дозволи бришење на прединсталирани iOS апликации

Корисниците на Apple телефоните ќе бидат среќни ако се воведе новата опција за бришење на прединсталираните апликации на iOS. Компанијата се уште не донела конечна одлука, но Тим Кук изјавил дека интензивно се размислува во таа насока. 

„Работите се малку покомплицирани отколку што изгледаат. Некои од апликациите се поврзани со функции на вашиот iPhone или iPad кои не можете да ги видите и ако овозможиме бришење на тие апликации, тоа би можело да влијае врз стабилноста на самиот iOS. Постојат и апликации кои не се поврзани длабоко со оперативниот систем, и да, навистина анализираме за да овозможиме таквите апликации да може да бидат избришани од страна на корисниците, без разлика што се прединсталирани на секој iOS“, се изјаснил Тим Кук.

Оваа предност ќе биде поволна за корисниците, затоа што ќе може да ослободуваат повеќе простор за складирање на податоци, со бришење на апликациите што не им се потребни и не ги користат. Најверојатно нема да можете да ги бришете буквално сите апликации, туку само неколку. Според неофицијални информации, од интегралнииот дел на iOS ќе останат апликациите Mail, Safari, Camera и App Store, додека Stocks, Compass и Tips - ќе може да бидат избришани. 

Автор: Aleksandar Stankov