Првата Apple продавница со иновативен дизајн

Објавено на 18.09.2015 во Новости



Првата Apple продавница со иновативен дизајн

Apple продавницата се разликува значително од останатите, која ќе биде иднината на сите продажни места на Apple низ светот. Објавено е видео од свеченото отварање на продавницата во Брисел, која се одликува главно со дрвен дизајн и симболизира природа. 

Ова е првата продавница на Apple дизајнирана од истиот човек што работи на дизајнот на продуктите на Apple, Џонатан Ајв. Продавницата не изгледа воопшто како класична продавница - има дрвени клупи за одмор од шетањето низ продавницата и прекрасна архитектура со дрвени полици со промоција на производите на Apple. 

Нема многу фотографии од производите на ѕидот, туку има екрани, што на продавницата и дава изглед на место каде одите на излегување, наместо на купување. Супер интересно изградено и декорирано, во препознатливиот стил на Apple - едноставно и минималистички како и секогаш. Сите застануваат за да си направат селфи фотка овде, дури и фановите на Samsung.





Прочитајте повеќе: