Google Chromecast 2 ќе има побрзa Wi-Fi конекција

Објавено на 18.09.2015 во Новости



Google Chromecast 2 ќе има побрзa Wi-Fi конекција

Google најверојатно работи на втор Chromecast приклучок со Wi-Fi конекција за користење на интернет сервиси на вашиот смарт телевизор со директно поврзување преку рутерот. 

Chromecast е одличен интернет додаток кој чини околу 50 долари и новиот модел би требало да понуди побрза Wi-Fi 802.11ac конекција, како и нови стримови на мултимедија. Промоцијата ја очекуваме на 29 септември, во исто време со промоцијата на новите Nexus смартфони.

Автор: Aleksandar Stankov