Шефот на Microsoft Сатја Надела го претстави iPhone Pro?!

Објавено на 19.09.2015 во Windows



Шефот на Microsoft Сатја Надела го претстави iPhone Pro?!

„Ова е iPhone Pro“ - вака беше најавен телефонот од шефот на Microsoft, Сатја Надела на конференцијата Salesforce Dreamforce. Со ова Надела го привлече светското внимание кај ИТ заедницата.

Првиот човек на Microsoft гостувал за да го промовира пакетот апликации, кои екипата од Редмонд ги изработила за iOS платформата на Apple, па го искористил моментот за да ги претстави апликациите од Microsoft, инсталирани на iOS. Тој го нарекува моделот iPhone Pro, со оглед на тоа што „е инсталиран цел софтвер од Microsoft и апликациите како што се Skype, Word, Excell, PowerPoint, итн...“.

Неговата изјава стана историска, затоа што во неа имаше доза на шега и иронија, која е објавена веќе на сите технолошки блогови и сите светски списанија. Ова е цитат што привлече голем интерес и внимание кај медиумите.