Откриен OnePlus 2 mini - Моќно телефонче со две камери

Објавено на 21.09.2015 во Новости



Откриен OnePlus 2 mini - Моќно телефонче со две камери

Брендот во надоаѓање OnePlus ќе лансира и мини верзија на популарниот смартфон кој ќе има 4.7 инчен Full HD дисплеј, дуо камера на задната страна со двоен LED блиц, а тука ќе биде сместен и скенер за отпечатоци во форма на прстен. Ова се само почетните информации за OnePlus 2 mini кој треба да пристигне кон крајот на оваа година по многу прифатлива цена од само 249 долари.