Tesla ќе не просветли со Model X на 29 септември

Објавено на 22.09.2015 во Новости



Tesla ќе не просветли со Model X на 29 септември

Ако сте голем фан на Tesla, тогаш со нетрпение ќе го очекувате 29 септември, затоа што тогаш компанијата закажа конференција за новинарите, каде детално ќе даде информации за новиот семеен автомобил Model X. Автомобилот ќе има таканаречени „Falcon врати“ што се отвараат нагоре, дизајнот е супер футуристички, исто како автомобилите на филмот со судијата Дред. 

Model X е практично трет модел по ред излезен од фабриката на Teslа. Главното седишите на Tesla во Калифорнија ќе биде домаќинот на настанот, каде ќе бидат откриени цената, опремата и перформансите на електричниот автомобил X. Со новиот Model X, Tesla планира да лансира нешто сосема ново на пазарот, кое ќе се одликува со досега невидена технологија, а цената ќе биде отприлика како Model S. Значи, се уште Tesla не планира со лансирање на модел за широките народни маси, па така се очекуваат детали за Model 3, кој според планираното треба да излезе на пазарот во 2017 година.