Xiaomi Mi 4c - Се што ви треба за 200 долари

Објавено на 22.09.2015 во Новости



Xiaomi Mi 4c - Се што ви треба за 200 долари

Xiaomi уште еднаш докажа дека е еден од најисплатливите брендови со понудата на новиот супер смартфон Xiaomi Mi 4c кој доаѓа во високата класа со цена од само 200 долари за основниот модел од 2 GB RAM и 16 GB меморија и 230 долари за помоќниот модел со 3 GB RAM и 32 GB меморија.

Xiaomi Mi 4c е совршено склопен смартфон за овие суми бидејќи располага со 5 инчен Full HD дисплеј Sunlight дисплеј, работи со квалитетниот шест-јадрен Qualcomm Snapdragon 808 процесор, има одлична камера со 13 мегапиксели со фазен автофокус и сензор изработен од Sony.

Смартфонот може да се пофали со употреба на новиот супер брз USB Type C приклучок, издржлива батерија со капацитет од 3080 mAh, можност за работа со две SIM картички, додека пак телото од 7.8 милиметри е изработено од издржлив метал. 

Еден од најзначајните новитети Edge Tap е применет во софтверот и ви овозможува различни степени на допир слично како кај iPhone 6s. Xiaomi Mi 4c работи со најновата верзија на Android 5.1 Lollipop и интерфејсот MiUI 6, па наскоро очекуваме да се најде и во онлајн понудата во Македонија преку hi.mk.