Амбициозниот македонски стартап Claxi се бореше на Seedstars World 2015

Објавено на 24.09.2015 во Новости



Амбициозниот македонски стартап Claxi се бореше на Seedstars World 2015

Seedstar World е една од најголемите мрежи за стартап бизниси, стационирана овој пат во Белград, каде се претставуваат најдобрите стартапи од Балканот. Амбициозната македонска стартап компанија Claxi присуствуваше исто така на на Seedstars World 2015 во Белград пред два дена. 

Идејата е да се претставуваат стартапите пред странските партнери компании. Claxi се претстави во најдобро можно светло - го покажа принципот на работа и придобивките од сервисот, со што успеа да се пласира за регионалното финале. Следната дестинација на Seedstars World е во Швајцарија, каде ќе одат само најдобрите да се натпреваруваат за 1.5 милиони долари.

Claxi е интересна и иновативна апликација, која има за цел да ги поврзе таксистите и клиентите. Неслучајно на почетокот спомнавме дека Claxi е амбициозна стартап компанија, бидејќи планира да ја активира својата услуга во Србија, Хрватска, Илиноис и Камерун. Во Македонија ја користат апликацијата 300 такси возила. Ако сакате да ја преземете Claxi, можете тоа да го сторите само на Google Play.