Андроидот BlackBerry со нови фотки од колоритниот дизајн

Објавено на 24.09.2015 во Новости



Андроидот BlackBerry со нови фотки од колоритниот дизајн

Првиот BlackBerry со Android оперативен систем доаѓа подготвен за пазарот и овој пат не сака да ја изгуби довербата од корисниците. Новиот Venice ќе се одликува со големина на дисплеј од 5,5 инчи, ќе биде заоблен од двете страни за поубав изглед, исто како Galaxy S6 Edge. Дизајнот на новиот BlackBerry ќе биде навистина уникатен и нешто ново на пазарот.

Тастатурата QWERTY веќе е сигурно дека доаѓа, како што претходно спомнавме и ќе биде сместена од долната страна на телефонот, за да се користи по потреба и вкусот на корисниците. 

Под хауба ќе донесе моќен hexa-core 64-битен Snapdragon 808 процесор, 3GB RAM меморија и 18-мегапиксели задна камера. BlackBerry Venice ќе биде претставен кон крајот на годинава, но се уште не се знае точно кој месец и со која цена. Како што може да се види од сликите, новајлијата доаѓа во виолетова, сива, бела, црна, црвена и небесно сина боја. Ние сме фасцинирани, а вам како ви се допаѓа? 





Прочитајте повеќе: