Руски научници прават лебарка дрон за армијата

Објавено на 24.09.2015 во Новости



Руски научници прават лебарка дрон за армијата

Руските научници од Универзитетот Емануел Кант во Калининград работат на мал дрон во облик на лебарка  кој изгледа премногу веродостојно и може лесно да се камуфлира во својата околина и да се движи целосно незабележлив. Идејата за дронот лебарка е да се користи во воените мисии на руската армија при шпионирање на непријателска територија и собирање на информации од опасни предели каде тешко се испраќаат луѓе извидници. Дронот лебарка исто така ќе им користи и на хуманитарните спасувачки мисии во воени реони или пак во објекти завземени од терористи.