Microsoft се активираше на iOs со новата Invite апликацијата

Објавено на 26.09.2015 во iOs



Microsoft се активираше на iOs со новата Invite апликацијата

Microsoft се обидува да атакува на сите фронтови, па откако дизајнираше десетина супер квалитетни апликации за Android, сега ги покажува и своите замисли за iOs платформата со новата Invite апликација која се користи за креирање на состаноци, распореди, списоци и договарање на работните задачи. 

Токму километарските мејл пораки, лошо поставените соопштенија и недоволно добро распоредените обврски може да бидат проблем за функционирањето на секоја фирма и организација, па затоа со Invite ќе имате точен увид во распоредот на вашиот тим каде секој член ќе ги добие сите задачи и закажани обврски.

За Invite ви е потребна регистрација преку e-mail корисничка сметка од било кој сервис, а апликацијата е бесплатна за iOs корисниците, но се уште не е пристигната во Европа, за што ќе треба да почекаме краток период.