BlackBerry не се откажува од својот софтвер - Нов систем во март

Објавено на 28.09.2015 во Новости



BlackBerry не се откажува од својот софтвер - Нов систем во март

BlackBerry и официјално потврди дека ќе ја користи Android платформата за новиот BlackBerry Priv смартфон на лизгање, но нема да го заборави својот BB 10 систем, кој во март ќе добие нова надградба со голем број на софтверски новитети и секако подобрени безбедносни стандарди. Покрај новиот BB 10.3.3 ќе следуваат и нови смартфони кои ќе се издвојат од понудата на Android и ќе бидат наменети за традиционалните купувачи.