Doogee F5 - Буџетар со моќни перформанси

Објавено на 28.09.2015 во Новости



Doogee F5 - Буџетар со моќни перформанси

Doogee F5 е еден од најквалитетните „буџетари“ бидејќи за цена од само 140 долари нуди одлична конфигурација составена од квалитетен хардвер и солидно тенко тело со рамка од течен метал, како и скенер за отпечатоци. 

Doogee F5 располага со 5 инчен Full HD дисплеј, работи на осум-јадрен Mediatek процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера со сопствен софтвер, 8 мегапикселна камера на предната камера за селфи фотки и видео повици, 4G LTE конекција и Android 5.1 Lollipop оперативен систем. 

За Doogee F5 стартуваат преднарачките и ќе биде испорачуван преку онлајн каналите за дистрибуција од 30 септември.