Елон Маск го претстави фасцинантниот Model X

Објавено на 30.09.2015 во Новости



Елон Маск го претстави фасцинантниот Model X

После официјалното претставување на Model X јасно е дека Tesla Motors сакал да направи автомобил од прва класа. Добро е и што малку се доцни со промоцијата, но се е тоа добро, затоа што е во служба на квалитетот. Model X се одликува со фасцинантен дизајн, само што моторот е ист со оној на Model S. Ако сакате да ја погледнете презентацијата, можете на овој линк, трае 30 минути.

Model X е изработен со високо ниво на безбедност и испорачува одлични резултати со тестирањето со фронтални и бочни судари, а возилото има вградено и сензори што ќе ви помагаат во кризни ситуации со автоматското кочење. Tesla мисли и на деталите, вградил специјален филтер за воздух Bionic Weapon Defense, кој не дозволува влегување на бактерии во возилото. 

„Сакаме да бидеме лидери во борбата против бионичко оружје“, се шегува Маск. 

Вратите на автомобилите се нарекуваат Falcon wings и се отвараат нагоре кон небото, кои имаат вградено различни сензори што го спречуваат удирањето во гаража. Предните врати автоматски се отвараат кога на возилото му приоѓате одзадната страна и кога седнете автоматски се затвара без да ја допрете вратата, исто како на филмот со судијата Дред. 

Model X доаѓа со истиот мотор како Model S, така што забрзува од 0-100 км за 4.8 секунди со погон на сите четири тркала. Поради сите овие импресивни карактеристики автомобилот не е толку евтин - од 100.000 до 140.000 долари, зависно од опремата. Факт е дека Tesla повторно ги поместува границите со електричните автомобили. Можете ли да си го дозволите новиот Model X?

Автор: Aleksandar Stankov