Adblock Plus ќе блокира досадни реклами на iOs
Објавено на 30.09.2015 во iOs
Познатиот сервис Adblock Plus ја лансираше мобилната апликација за iOs преку која корисниците ќе може да бидат поштедени од досадните и нападните реклами. Adblock Plus може да се користи со интернет прелистувачот Safari и ги запира сите штетни реклами кои се дисеминираат, а прикажува одреден број на банери кои не се интрузивни. Adblock Plus може бесплатно да се симне од App Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.