Google Chromecast претвара стари телевизори во Smart TV

Објавено на 01.10.2015 во Додатоци



Google Chromecast претвара стари телевизори во Smart TV

Google Chromecast ги претвара старите телевизори во смарт-телевизори и чини само 35 долари. Првиот модел на пазарот се нашол пред две години, а новиот потег на Google очигледно означува желба за рамо до рамо со конкуренцијата. 

Новите спецификации на хардверот - 5G WiFi мрежа, што значи помалку пречки при стриминг содржините што ги нудат онлајн видео сервисите како што е на пример Netflix. Дизајнот на технолошкиот уред е целосно променет и достапен е во жолта, црна и црвена боја. Новиот Chromecast има подобрен софтвер, со Fast Play за побрзо поврзување со телевизорите. За жал, резолуцијата е се уште ограничена на 4k, а како и порано, поврзувањето со Chromecast може да се користи Android (4.1+), iOS (7.0+), Windows (7+) или Mac OS X (10.7+) уреди. Има поддршка за видео стриминг и mirroring екран. 

Новиот Chromecast е достапен во вкупно 17 земји низ светот, а наредната година ќе биде достапна и опцијата со која уредот ќе ги препознава сериите што ги гледате, со цел автоматски да ви ги наоѓа наредните епизоди за гледање.

Автор: Aleksandar Stankov