Што значи кукастиот крст на батеријата?

Објавено на 01.10.2015 во Новости



Што значи кукастиот крст на батеријата?

Не знаеме дали сте забележале, но на батеријата има симбол што потсетува на свастиката од Хитлер, која се поврзува со нацистите и Втората светска војна. Не е идентично ист симболот, но во голема мера е сличен. 

За разлика од оригиналната свастика, овој симбол има речиси затворени линии што формираат квадрат. Всушност, ова е тајландски знак за рециклирање. Се уште не е познато зошто Тајланд одлучил да го користи овој знак за рециклажа. Свастиката исто така е светски симбол во будизмот и хиндуизмот. Се претпоставува дека мотивот на свастика е употребен во неолитската Евроазија.