Sony Xperia Z5 Premium има фантастичен 4K HD дисплеј но, само за мултимедија

Објавено на 01.10.2015 во Новости



Sony Xperia Z5 Premium има фантастичен 4K HD дисплеј но, само за мултимедија

Sony Mobile направи авангарден потег со лансирањето на Sony Xperia Z5 Premium како првиот смартфон кој има 4K HD резолуција и рекордна густина на сликата од 803 пиксели на еден инч, но оваа врвна репродукција на слика ќе ја добиете само при користење на мултимедијални содржини и има многу оправдана причина.

Според Sony смартфонот при работа со апликации и користење на телефонските функции нема потреба од активирање на целосната 4K HD резолуција бидејќи тоа би ја оптоварило батеријата и нема да имате доволно енергија за сите активности. Исто така голем број на апликации воошто не се прилагодени за 4K HD резолуција и затоа најдобро е да ја користите само при гледање видеа и играње на мобилни игри. 

Сепак, овој потег ја обележува иднината во развојот на соодветен софтвер и многу од девелоперите ќе бидат мотивирани да обезбедат соодветни апликации, додека пак развивачите на хардвер ќе треба да работат на една мега батерија која ќе го поднесе целиот потенцијал на 4K HD резолуцијата.