Google означува крај на ера - сега е официјално Alphabet

Објавено на 04.10.2015 во Новости



Google означува крај на ера - сега е официјално Alphabet

Пребарувачкиот Google и неговиот софтвер Android и сите други многубројни производи, го збогатија времето во коешто живееме. Од понеделник, односно утре, на светската берза нема да се тргува со акциите на Google, туку со оние на Alphabet. Новата компанија го вшмука Google, односно гигантскиот пајак сега стана дел од поголемо бизнис чудовиште - така аналитичарите за хартии од вредност го објаснуваат новиот подвиг на компанијата. 

Google во петокот поднесе барање пред Комисијата за хартии од вредност на САД, при што е усвоена новата одлука дека наследникот на Google станува компанијата Alphabet, која отсега го обединува сето она што беше дел од Google како компанија. Сите се согласуваат дека ова е крај на една ера, бидејќи Google од статус на џин имаше култен статус во очите на корисниците и брокерите, инвестициските куќи, светските верзи и сите оние што на дневна база тргуваат со акции. Од утре веќе ништо нема да биде исто, бидејќи Alphabet настапува на сцена во улога на една од најдоминантните компании на планетата. 





Прочитајте повеќе: