Не е iPhone, туку циглата Nokia 1100 е најпродаван телефон

Објавено на 05.10.2015 во Новости



Не е iPhone, туку циглата Nokia 1100 е најпродаван телефон

Денес Apple е апсолутен владетел со продадени стотина милиони примероци на последните модели на iPhone 6, но ако се мерат апсолутните бројки тогаш старата „цигла“ Nokia 1100 е апсолутен владетел со продадени над 250 милиони примероци почнувајќи од 2003-та. 

Главната атракција кај Nokia 1100 е играта Snake 2 која тогаш забавуваше милиони корисници ширум светот, а самиот телефон донесе поинтересен дизајн и функции. Nokia 1100 како легендарен уред постои можност да биде реинкарниран од Nokia со нов хардвер, Аndroid оперативен систем и модерен дизајн, но тој уред ќе треба да го чекаме до крајот на 2016-та.