Alphabet има поинакво значење од Google

Објавено на 05.10.2015 во Новости



Alphabet има поинакво значење од Google

Интересно е тоа што Alphabet се интерпретира поинаку од Google, односно новиот холдинг значи и дека компанијата има нови интерни правила. Слоганот на Google се менува со преминувањето на компанијата во друга фирма. 

Летово Google создаде нов холдинг, Alphabet, при што старото правило на претходната компанија значеше „не прави зло“ (don’t be evil), а новиот слоган гласи „работи правилно“ (do the right thing). Новата филозофија всушност ги одразува вредностите и принципите на Лери Пејџ и Сергеј Брин.

Сето ова е со цел да се креира нов вид на компанија со нов почеток и многу достигнувања за себе, која светот нема да ја доживува како лоша. Alphabet вели дека новиот слоган значи: „Вработените во компанијата треба да работат законски, искрено и да се почитуваат“.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}