Стартуваше бесплатната Photoshop Fix апликација

Објавено на 06.10.2015 во Новости



Стартуваше бесплатната Photoshop Fix апликација

Adobe покрај своите премиум апликации кои се наплаќаат се почесто лансира бесплатен софтвер со цел да придобие што е можно поголем број на корисници, а потоа да ги привлече кон сервисите за кои е потребна претплата. Најновата бесплатна апликација е Photoshop Fix која како што асоцира самото име на едноставен начин ќе ви помогне да ги отстраните сите грешки и недостатоци во вашите слики. 

Со Photoshop Fix на располагање имате повеќе алатки за уредување на елементите на сликите како што е изложеноста, светлината, боите и контрастот, а понапредни алатки ќе бидат пласирани во следните верзии. За почеток Photoshop Fix е достапна само за iOs платформата, па наскоро очекуваме и верзија за Android.