Официјално: Ова се Sony телефоните кои добиваат Android Marshmallow

Објавено на 07.10.2015 во Новости



Официјално: Ова се Sony телефоните кои добиваат Android Marshmallow

Sony Mobile ја објави официјалната и најверојатно конечна листа на смартфони кои ќе ја добијат најновата софтверска надградба со оперативниот систем Android 6.0 Marshmallow и на тој начин ќе може да ги користат сите новитети како Google now on tap, одобрување на поединечни пристапи при инсталирање на апликации, нов режим на заштеда на батерија и многу други квалитетни додатоци.

На листата се најдоа сите премиум смартфони почнувајќи од Sony Xperia Z2, па се до најновата серија на Xperia Z5 смартфони, потоа Xperia Z2 и Z3 таблетите, телефоните од средните класи Xperia C4, Xperia M4 Aqua, Xperia C5 Ultra како и последниот таблет Xperia Z4 Tablet. Надградбата ќе биде доставена во текот на ноември, а треба да финишира до крајот на декември иако секогаш овие рокови се пробиваат, па затоа бидете трпеливи.