Елон Маск ги намалува ПР активностите
Големиот бизнис лидер Елон Маск стои на чело на Tesla Motors, SpaceX и Solar City. Не е лесно да се носат три лубеници под рацете, затоа тој препорачува многу помалку време поминато на пресови и намалување на одговорностите. Очигледно лидерот веќе е уморен од зафатеноста и сака повеќе слобода.
На последниот Самит, новинарите го прашале Маск што мисли за новата функција на Џеј Дорси, ко-основачот и новиот директор на Twitter и Square. Како личност со богато искуство во водење на две компании, Маск одговорил кратко и јасно да не го прави тоа, поради преголемата одговорност.
„Не би препорачал водење ба две компании, тоа значително ја намалува слободата“, изјавил Елон Маск.
Тој моментално издвојува само 3% од своето време на ПР, но и тоа е премногу за него. Очигледно, тоа е затоа што одлучил да ги намали ваквите активности и ќе ги сведе само на 1% од неговото време. Не ви се чини комплицирано и тешко кога и вие носите премногу одговорности на грб?