OnePlus 2 со глобална офанзива во понеделник

Објавено на 09.10.2015 во Новости



OnePlus 2 со глобална офанзива во понеделник

Фановите на новиот супер бренд OnePlus ќе може во понеделник без системот на покани да го нарачаат екстра смартфонот од премиум класата OnePlus 2 по цена од само 389 долари. Во Европа нарачките ќе започнат во 12 часот според Централно Европско време. 

За сума од 389 долари со OnePlus 2 добивате квалитетен премиум смартфон со 5.5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 3000 mah, а сето тоа спакувано во солидно изработено метално куќиште.