Моќниот Meizu Pro 5 одложен за ноември

Објавено на 11.10.2015 во Новости



Моќниот Meizu Pro 5 одложен за ноември

Meizu Pro 5 одличниот смартфон од новата Pro серија најверојатно ќе треба да почекаме барем уште месец дена за да го видиме на дело бидејќи дошло до поместување на роковите во дистрибуцијата бидејќи капацитетите на Meizu биле погодени од силниот тајфун кој помина низ источно азискиот брег минатата недела.

Meizu Pro 5 вреди да се почека бидејќи ќе донесе 5.7 инчен HD Super AMOLED дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Samsung Exysnos 7420 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, 21 мегапикселна камера, а „пакувањето“ ќе биде тенко и метално. Цената на Meizu Pro 5 ќе биде поставена на 486 долари што мора да се признае е топ понуда за премиум класата.
 

Автор: Aleksandar Stankov