Еве како Конан го замислува филмот за Мајкл Дел

Објавено на 12.10.2015 во Новости



Еве како Конан го замислува филмот за Мајкл Дел

Сите зборуваат сега за филмот за Стив Џобс, затоа Конан ја свртел плочата и изработил трејлер за непостоечкиот филм за Мајкл Дел. Иако сите го фалат Џобс за неговата иновативност и способност, Мајкл Дел исто така значително придонесел за развој на компјутерите, на поинаков начин.

Дел никогаш не иновирал, но го направил компјутерот што го купувате, вклучувате и работите на него. Дизајнот за него не бил важен, туку дистрибуцијата и најевтината можна цена. Мајкл Дел така заработил милиони долари. 

Познатиот американски комичар Конан објавил трејлер за Мајкл Дел на своето телевизиско шоу, на вообичаениот хумористичен начин. Погледнете на видеото одозгора како Конан го исмева Дел, иако е малку немилосрдно, затоа што човекот вреди и има многу пари на контото.

Автор: Aleksandar Stankov