Oppo R7s доаѓа со 4 GB RAM и моќен сетап

Објавено на 12.10.2015 во Новости



Oppo R7s доаѓа со 4 GB RAM и моќен сетап

Oppo наскоро ќе лансира нова помоќна верзија на одличниот смартфон Oppo R7s кој ќе располага со дури 4 GB RAM. Интересно е што Oppo R7s ќе биде еден од најмоќните смартфони во следната класа со 5.5 инчен Full HD AMOLED дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 615 процесор, 32 GB меморија, 13 мегапикселна камера и Android 5.1.1 Lollipop оперативен систем. Промоцијата на Oppo R7s ја очекуваме на 18 октомври.