Сериозно! Pepsi подготвува смартфон

Објавено на 13.10.2015 во Новости



Сериозно! Pepsi подготвува смартфон

Додека сите мислеа дека станува збор за интернет измама или шега, Pepsi всушност навистина работ на свој смартфон што е тотално различно од нивниот примарен бизнис за газирани пијалаци. Сега е добиена и првата потврда од кина дека нивниот смартфон Pepsi P1 ќе биде всушност изработен од кинески партнер, а PepsiCo ја издава лиценцата за брендот. 

Смартфонот Pepsi P1 располага со 5 инчен HD дисплеј, работи со осум-јадрен Mediatek процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh и Android 5.1 Lollipop оперативен систем. Pepsi P1 ќе биде пуштен кон крајот на овој месец за цена од околу 200 долари.