OnePlus 2 mini повторно се појави со одличен сетап

Објавено на 14.10.2015 во Новости



OnePlus 2 mini повторно се појави со одличен сетап

OnePlus објави нов тизер за својот следен смартфон за кој се претпоставува дека ќе има „мини“ големина на екранот од 5 инчи. Нека не ве чуди самиот термин бидејќи денес стандардите се прилично зголемени и тешко е да најдете смартфон со екран под 5 инчи. 

OnePlus 2 mini ќе располага со Full HD резолуција, шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2450 mAh. Целосната промоција на OnePlus 2 mini ја очекуваме на почетокот на ноември, а тоа што најмногу не привлекува е можната цена од само 250 долари што е прилично евтино за оваа класа на уреди.