Тест - Sony Xperia Z5 има најдобра камера!
Објавено на 15.10.2015 во Новости
Компанијата DxOMark Mobile ги тестирала камерите на најмоќните телефони, утврдено е дека Sony Xperia Z5 има најдобра камера од сите премиум смартфони. Извршени се „објективни мерки од неколку аспекти на снимените фотографии и видео записи“ - боја, авто фокус, стабилизација при снимање на видеа, итн.
Xperia Z5 на Sony при DXo Mobile тестот добил 87 поени, после него следува Galaxy S6 Edge, а на трето место е миленикот Nexus 6P на Google, со 84 бодови. Понатаму следуваат LG G4 со 83 бодови, Note 4 и Motorola X Style, а Sony Xperia Z3 Plus, iPhone 6 Plus, iPhone 6 и iPhone 6S освоиле 82 бода. На сликата одозгора го имате целосниот приказ од тестирањето.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.