Yahoo со тотален редизајн, збогум на лозинките

Објавено на 16.10.2015 во Новости



Yahoo со тотален редизајн, збогум на лозинките

Yahoo лансираше тотално редизајнирана верзија на Yahoo Mail апликацијата која освен визуелни промени и подобрувања има нов начин на логирање во корисничката сметка и тоа без внесување на лозинката, туку со потврда на идентитетот на корисникот преку Yahoo Account Key што треба значително да ја подобри безбедноста. 

Меѓу новитетите е и можноста на самиот Yahoo Mail да поставите и влезно сандаче од различните mail сервиси кои ги користите како на пример outlook за да немате потреба да се логирате на две или три различни кориснички сметки. 

Воведен е и полесен принцип на правење на бележници бидејќи речиси 20 проценти од корисниците (вклучувајќи ме и мене) самите си испраќаат мејлови со пораки за потсетување, закачување на документи и фајлови и важни податоци. Промени има и во профилите на корисниците, бизнисите и организациите кои ќе станат повидливи и инстант препознатливи. 

Дали ги пробавте новите функции на Yahoo Mail и како вие би ги оцениле?