Деинсталирајте го Adobe Flash - „мртов е“, но прави проблеми

Објавено на 16.10.2015 во Новости



Деинсталирајте го Adobe Flash - „мртов е“, но прави проблеми

Напредните корисници веќе го деинсталираа Adobe Flash од своите уреди, но сепак ги има оние што не го користат, а не го деинсталираат. За таквите корисници повторно се појави безбедносен проблем во Adobe Flash, само неколку дена откако Adobe објави безбедносна закрпа, со која реши само еден од повеќе пропусти. 

Adobe објави дека критичниот пропуст е потенцијално опасен за компјутерите со Windows, Mac OS X и Linux оперативни системи, што практично значи дека се загрозени сите компјутери. "Еxploit" е откриен од страна на безбедносните експерти на компанијата Trend Micro, со што напаѓачите преземаат контрола над софтверот. Исто така се злоупотребува со цел да се генерираат таканаречените "phishing e-mails" со тема поврзан со кризата во Сирија и руските напади, што е актуелна тема. Adobe соопшти дека работи на проблемот, но не се знае кога ќе биде достапен. Експертите препорачуваат едноставно да го деинсталирате Adobe Flash.